Почетна МакедонијаБочварски: Убеден сум дека Синдикатот на контролорите за летање ќе отстапи од најавата за штрајк на 25 декември и 1 јануари

Бочварски: Убеден сум дека Синдикатот на контролорите за летање ќе отстапи од најавата за штрајк на 25 декември и 1 јануари

од nenad
2 минути читај за

Бочварски изјави дека на средбата со претседателот на Синдикатот на контролорите за летање, Александар Тасевски, заклучиле дека интересот на граѓаните и на државата мора да биде пред се и над се.Синдикатот, пак, со чие раководство Бочварски вчера имаше средба, конечната одлука ќе ја донесе на состанок закажан за утре напладне.

   

„Вчера имав многу продуктивен раговор со претседателот на Синдикатот и сметам дека беше многу корисен. На минатата средба во октомври имавме четири прашања кои беа отворени и на сите се работи во координација со Синдикатот. Остана уште едно прашање за кое вчера дискутиравме. Граѓаните да бидат сигурни дека правиме се и правиме напори, а убеден сум дека контролорите од таа најава ќе отстапат, тие ќе имаат свој состанок. Но, по она што го дискутиравме и двајцата заклучивме дека интересот на граѓаните и на државата мора да биде пред се и над се“изјави Бочварски.

Синдикатот на конролорите на летање М-НАВ најави предупредувачки штрајк на 25 декември и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НАВ, со критериуми, според Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава.

Како што изјави претходно Тасевски, прекршена е спогодбата помеѓу Синдикатот и директорите на М-НАВ за која гарант беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и оти ќе го реактивираат штрајкот на 25 декември, од 10 часот до 17 часот, по што ќе се штрајкува и на 31 декември од 00.01 до 1 јануари во 23.59.

Според Синдикатот, договореното за роковите за времетретрање на огласите за вработување не се почитува, а кадарот кој сакаат да го вработи менаџментот како не е од суштинските дејности и се однесува на деловни асистенти и советник за човечки ресурси, што според нивни сознанија е за еден од поранешните директори во М-НАВ.Еден од огласите, тврди Синдикатот, е со траење од 10 дена, наместо 10 работни, а другиот три дена од кои два се сабота и недела.

Според најавите на Синдикатот, доколку не бидат повлечени објавените огласи, на 25 декември од 10 до 17 часот ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година, покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите.