Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека Турција ќе започне процес на ратификација на апликацијата на Шведска за членство во Алијансата.
„Претседателот Ердоган се согласи што поскоро да го достави протоколот за прием на Шведска во НАТО до парламентот на ратификација и соработува со него за што поскоро ратификување на овој документ“, рече Столтенберг.
Тој додаде дека Шведска го променила својот устав и ги зајакнала мерките против тероризмот.
„Со Шведска како членка, ова е историски чекор со кој НАТО станува посилен и посигурен“, рече Столтенберг, додавајќи дека Унгарија јасно ставила до знаење дека нема да биде последна што ќе го ратификува членството на Шведска.
Со тоа Шведска ќе стане 32-та членка на Алијансата.
