Почетна МакедонијаБомбастична трампа во НБА: Кевин Дурент во Феникс!

Бомбастична трампа во НБА: Кевин Дурент во Феникс!

од nenad
1 минути читај за

Во текот на ноќта некои медиуми само ја најавија, други неофицијално ја потврдија, но за сите важи истото, дека се случува нова бомбастична трампа во НБА-лигата, со која Кевин Дурент ќе стане нов кошаркар на Феникс санс.

Познатиот новинар Адријан Војнаровски најави, а ЦБС утрово потврди дека договорот е веќе готов и се очекува само официјална потврда од лигата. Кевин Дурент се сели од Бруклин во Феникс, а во спротивна насока ќе заминат Мајкл Бриџис, Камерон Џонсон и Џеј Краудер. Покрај тоа, Бруклин ќе добие четири први пикови на Феникс во 2023, 2025, 2027 и во 2029 година, како и трампа на пикови во 2028 година. Покрај Дурент, во Аризона ќе се пресели и Ти-Џеј Ворен.

Ваквите размени, обично, се најавуваат, се „шушкаат“ со месеци или барем со недели, а оваа ги изненади сите. За многумина, ова го прави Феникс фаворит број еден за титулата, бидејќи сега се формира трио кое ќе оперира во сите сегменти на играта: Крис Пол како плејмејкер, Девин Букер как бек шутер и Кевин Дурент, како крилен центар со шампионско педигре.


Инспирирано од: infomax.mk