Почетна ЕкономијаБлинкен до Јоав Галант: Зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“

Блинкен до Јоав Галант: Зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“

од nenad
1 минути читај за

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му рекол на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во телефонски разговор дека зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“ и ја истакнал потребата од прекин на огнот во Газа, соопшти американскиот Стејт департмент„Државниот секретар ја потврди силната посветеност на САД за безбедноста на Израел и објасни дека ескалацијата на тензиите не е во ничиј интерес“.

Блинкен ја нагласи „итна потреба од прекин на огнот во Газа“, што може да помогне во ослободувањето на заложниците кои се држат во енклавата и „да се создадат услови за да се обезбеди стабилност во поширокиот регион“.

Еден ден претходно, Галант разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток со својот американски колега Лојд Остин. зш/фото ЕПА .

Извор: МИА