„Сè е по договор – совршена за соработка“…
Иако јавноста е добро запознаена со животот и кариерата на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Оцоколиќ сè уште останува мистерија за многумина.
Фризерот и долгогодишен соработник на Цеца, Стефан Радивојевиќ, во неодамнешна изјава за медиумите откри неколку интересни детали за Лидија.
Лидија е тивка, мирна и многу повлечена личност. Сака приватност и не сака да биде медиумски изложена, за разлика од нејзината сестра. Таа е посветена на семејството и работата, секогаш точна и организирана, и вистинско е задоволство да се соработува со неа“, изјави Радивојевиќ.
Поврзани објави
Иако сестрите имаат различни јавни профили – Цеца е ѕвезда со динамичен живот, додека Лидија претпочита тишина и стабилност – сепак, според Стефан, тие делат многу заеднички навики и вредности.
Лидија ја води семејната фирма со голема самодоверба, далеку од очите на јавноста, но очигледно со големо влијание.
printskrin Youtube-blic