Почетна Убавина и здравјеБи се осмелиле ли да го облечете ова? – Убавина и здравје

Би се осмелиле ли да го облечете ова? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

За Кери Бредшо, одговорот е едноставен: секако дека би.

Кери Бредшо се врати — и тоа на голема врата. Во третата сезона од серијата „И така…“, модната икона повторно го привлекува вниманието, не само поради животните пресврти, туку и поради нејзините смели модни избори.

Комбинацијата со која Кери (Сара Џесика Паркер) ја отвора новата сезона предизвика лавина реакции, а еден парче особено ги возбуди модните ентузијасти: проѕирна креација украсена со рози, чија вредност изнесува околу 5.300 евра.

Спој на романтика и хаос

Станува збор за слоевита комбинација од пролетната колекција на дизајнерката Симон Роша за 2024 година.

Фустанот од мрежест материјал со корсет и извезени цветови е комбиниран со долг, исто така проѕирен капут, украсен со цветни апликации — и сето тоа над црн градник, кој јасно се наѕира низ ткаенината. Иако овој детаљ ја нарушува бајковитата естетика, според модните експерти токму тој спој на романтика и хаос ја прави комбинацијата толку „кериски“.

Повеќе е повеќе

Костимографите на серијата, Моли Роџерс и Дени Сантијаго, велат дека овој пат мотото било едноставно: „повеќе е повеќе“.


Поврзани објави

Моли и Дени ја имаа оваа креација неколку месеци пред почетокот на снимањето. Сакавме токму со неа да ја отвориме сезоната – открива Сара Џесика Паркер.

Наместо да одберат едно парче што најмногу ја отсликува Кери, едноставно ги споија сите — и така создадоа нешто што истовремено е уметничко, романтично, екстравагантно, но и малку некомфорно за секојдневниот живот.

Интересно е што ова е првпат ликот на Кери да носи парче од Симон Роша, а многумина коментираат дека оваа креација потсетува на позрелата, современа верзија од прочуеното тул-здолниште од воведната шпица на оригиналната серија „Сексот и градот“. Стилот е ист — само годините се сменети.

И додека нејзиниот приватен живот во серијата се соочува со емотивни заплети — од чудната тишина со Ејден до милувањето со слаткото маче Чевличка во луксузната њујоршка вила — Кери јасно ни порачува дека модната уметност не признава години, правила ниту граници.

Останува прашањето: дали вие би облекле проѕирен фустан со рози вреден 5.300 евра — и би ја прошетале мачката во него? За Кери Бредшо, одговорот е едноставен: секако дека би.

Фото: Инстаграм