Почетна ЕкономијаБитиќи: Во Македонија имаме систем за развој и поддршка на старт ап.

Битиќи: Во Македонија имаме систем за развој и поддршка на старт ап.

од nenad
0 минути читај за

Владата има создадено простор и систем кој овозможува развој и поддршка за раст на стартап заедницата, истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во видео порака за панел дискусијата “Постојана поддршка на иновациите во свет на промени” во организација на Бизнис Акселераторот УКИМ. Битиќи додаде дека верува во поттикнувањето на стартапи и нови иновативни компании и се соочува со предизвикот на решавањето на големи социјални и општествени проблеми заедно со нив. Вицепремиерот упати честитки до младите бизниси и акселераторите кои добиле инвестиции од Владата од над 500.000 евра и уште еден милион од други извори.