Вељко Ражнатовиќ на својот инстаграм-профил објави стара фотографија од својот дедо по кого го добил името.
Вељко Ражнатовиќ постариот е роден во 1920 година во Риека Црнојевица, во близина на Цетиње. Како млад се вклучил во револуционерното движење и во 1939 година станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ). Во 1941 година бил примен во членството на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).
По окупацијата на Југославија на почетокот на Втората светска војна учествува во подготовките за вооружено востание. Во повоениот период бил назначен за политички комесар на Академијата за воздухопловство и работел на создавање нови полкови и воздушни бази.
Фото: Инстаграм