Пејачката Сандра Африка во интервју проговори за својот љубовен живот…
Немам нерви за фраер, признава Сандра Африка! Атрактивната пејачка вели дека нејзиниот љубовен живот долго време страда, исклучиво поради кариерата.
Поради обврските околу албумот „Заборавена кукла“ го запоставив приватниот живот. Потенцијалниот дечко е во фиока, ќе видам кога ќе ја отворам таа фиока и ќе се посветам на тоа. Секоја чест за моите колешки кои имаат момчиња или сопрузи и не ја запоставуваат својата кариера. Навистина е многу тешко! Не можам ни со себе да се носам, а камоли да имам маж и деца!“ – раскажува Сандра.
Љубовници, па соработници
Пејачката признава дека нема среќа во љубовта по раскинувањето со менаџерот Александар Московљевиќ Микис, со кој се забавуваше 11 години! Двајцата останаа во одлични односи и ја продолжија деловната соработка по раскинувањето.
Поврзани објави
По раскинувањето, луѓето ретко остануваат во добри односи како нас, но грев би било да уништиме се што сме изградиле заедно низ годините. Еднакво се боревме за позицијата на која сум денес. Не можевме да бидеме заедно веќе, беше сосема во ред да раскинеме. По раскинувањето се договоривме за се. Се разбираме, па нема место за негативни и грди работи. Одлично функционираме како соработници“ – вели фолк ѕвездата.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: