Почетна МакедонијаБесими: Со 560 милиони евра го заокруживме финансирањето на деценискиот проект за изградба на железницата кон Бугарија

Бесими: Со 560 милиони евра го заокруживме финансирањето на деценискиот проект за изградба на железницата кон Бугарија

од nenad
1 минути читај за

„Со ова го заокружуваме финансирањето на проектот за изградба на железничката пруга од Коридорот 8 до границата со Република Бугарија. Обезбедивме средства во износ од 175 милиони евра од Европската инвестициска банка, исто така, 175 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, грант во износ од 149 милиони евра од ЕУ преку ВБИФ и 60,77 милиони евра преку ИПА програмата. Тоа е значајна финансиска поддршка за реализација и завршување на овој децениски проект“, рече министерот Бесими по потпишување на Договорите за заем со ЕИБ и ЕБОР во Скопје.

   

Тој додаде дека со реализација на оваа последна фаза од проектот Македонија ќе добие подобра железничката инфраструктура, подобри услови за работа на компаниите, полесен транспорт на стоки и превоз на патници, како и поттикнување на развојот.Овој проект е дел од најавениот инвестициски циклус што ќе се реализира во наредниот период преку јавниот сектор и тој ќе биде истовремено моторот на економскиот раст. За тој инвестициски циклус во наредната година во буџетот се предвидени 733 милиони евра.Договорите за заем со ЕИБ и ЕБОР беа потпишани, откако претходно беа усвоени законските решенија во Собранието.