Беквалац реши навистина да ужива во роденденот, па ги спакува куферите и отпатува на егзотична дестинација…
Пејачката Наташа Беквалац денеска, 25 септември, го слави својот 44 роденден.
Својот прекрасен ден одлучи да го помине на егзотична дестинација, па заедно со сестра си Кристина, ќерките Петра и Хана отпатува на Ибица.
Штом стигнала во хотелската соба, Ната добила изненадување. Имено, првото нешто што се забележувало биле балоните кои биле низ целата соба.
Покрај тоа, Беквалац добила скап шампањ, мала торта и букет свежо цвеќе.
Поврзани објави
Таа брзо се фотграфирала во хотелската соба и јавно им се заблагодарила на следбениците и пријателите.
Денес ми е роденден! Ви благодарам за сите прекрасни желби, честитки, ви благодарам за љубовта што ја чувствувам секој ден. Сепак, животот е највредниот подарок и затоа решив секој ден и секој момент да го поминам во радост, благодарност и насмевка со моите деца, семејството, прекрасните пријатели и луѓето кои ги обожавам. Прославата може да започне“ – напиша таа.
Фото: printskrin Youtube / Natasa Bekvalac и printskrin Instagram/bekvalceva
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: