Почетна Балкан„Безбедносни гаранции“: Зеленски и Макрон разговараа за коридорот за жито

„Безбедносни гаранции“: Зеленски и Макрон разговараа за коридорот за жито

од nenad
1 минути читај за
t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека денеска телефонски разговарал со неговиот француски колега Емануел Макрон за „начините да се обезбеди функционирање“ на коридорот создаден од Киев во Црното Море, како и безбедна пловидба на товарните бродови, по повлекувањето на Москва од договорот за извоз на жито, пренесе БТА.

„Разговаравме за начините да се обезбеди функционирање на коридорот за жито и да се зајакне безбедноста на регионот на Одеса во југозападна Украина“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

Зеленски ѝ се заблагодарил на Франција за воената помош и се согласил со Макрон француски компании да учествуваат на претстојниот Форум на украинската одбранбена индустрија.

Зеленски и Макрон, исто така, се договориле „да започнат преговори за билатерални безбедносни гаранции“.