Почетна Економија„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес

од nenad
1 минути читај за

Фото: Фејсбук-страница на Министерство за внатрешни работи

09/09/2026 13:39
ЛОКАЛНО

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота (12.9.2026) почнува со работа и на подрачјето на СВР Велес, соопшти Министерството за внатешни работи.

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.
Извор: МИА