Претседателот на Републикa Албанија, Бајрам Бегај, и го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за функцијата претседател на Република Македонија.
Претседателот Бајрам Бегај, упати честитка до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор во функцијата претседател на Република Македонија, како прва жена на чело на државата.
Претседателот Бегај во објава на својот профил на платформата Х изразува верба во натамошното зајакнување на односите меѓу двете земји.
„Честитки, Гордана Силјановска-Давкова, првата жена изгласана за претседател на Република Македонија. Убеден сум дека заедно дополнително ќе ги зајакнеме традиционално многу добрите односи меѓу нашите пријателски земји, како земји членки во НАТО и идни членки во ЕУ, за што Албанците во Република Македонија остануваат целосно ангажирани“, напиша Бегај.
Post Views:
52