„Ова беше многу тежок натпревар, игравме против голема репрезентација и фаворит. На терен, мене ми изгледаше дека ние бевме тие со чисти шанси. Добро се браневме, во второ полувреме примивме брз гол. Бевме деконцентрирани, но фала му на Бога се вративме. Горд сум, затоа што пред мечот зборувавме долго и работевме заедно. На сите сум горд, ние сме мала земја, но тука има многу лавови. Горд сум што сум капитен на Македонија, но сите помагаат во тимот и да сум капитен. Ељиф, Столе, Нестор, Аце, Џани… сите си помагаме еден на друг и си олеснуваме. Сакам само да продолжиме вака. Вртиме нов лист со овој меч, мора да размислуваме ментално поинаку. Мора да бидеме паметни и да знаеме кој ни е квалитетот“
Фудбалерите сега ќе се одморат два дена, па следи натпреварот против Малта на гостински терен. Овој ривал веќе го победивме еднаш во овој циклус, тоа беше во Скопје со 2-1.