Почетна ПопуларноАрсовска и Максути разговараа за модернизација на територијалните противпожарни бригади и Секторот за заштита и спасување на Град Скопје

Арсовска и Максути разговараа за модернизација на територијалните противпожарни бригади и Секторот за заштита и спасување на Град Скопје

од nenad
1 минути читај за

Градоначалничката на Град Скопје денеска се сретна со Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на кој се разговарало за модернизација на противпожарните бригади на Град Скопје.

– На покана на директорот на Дирекцијата на заштита и спасување, Беким Максути, денес остваривме работен состанок на кој разговаравме за модернизација на територијалните противпожарни бригади и Секторот за заштита и спасување на Град Скопје.

Со Дирекцијата и нивните претставници разговаравме за потребите од опремување со нова противпожарна опрема за пожарникарите како и нова опрема за заштита и спасување.

Во моменти кога се најпотребни пожарникарите се тука за сите нас, затоа неопходно е да овозможиме соодветни услови за нивно беспрекорно функционирање, напиша Арсовска на Фејсбук.

Инспирирано од: infomax.mk