Вмровците го продале цело Велешко Езеро, пишува професорот и претседател на Левица Димитар Апасиев на Фејсбук.
Во контект на оваа кратка изјава реагираше и советникот на Левица во општина Велес, Игор Смилев кој ги потврдува наводите на Апасиев.
-Под превезот на тишината и мракот, со нула транспарентност и без помпа, брутално се ПРОДАДЕНИ двете најатрактивни парцели на велешкото езеро Младост, иако градоначалникот КОЛЕВ се колнеше дека ниту еден метар квадратен нема да биде продаден.
АРАМ ДА ВИ Е слуги на капиталот!!!
Коалицијата ДПМНЕ/ДУИ е во финална мисија на уништување и приватизација на најатрактивното државно земјиште околу езерото Младост.