Холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа договор за развод по осум години, изјави нејзиниот адвокат за медиумите.
Адвокатот на Пит не коментирал за случајот.
Пит и Џоли беа заедно од 2005 година, но се венчаа дури во 2014 година и имаат шест деца.
Две години подоцна, Џоли поднесе барање за развод во 2016 година, наведувајќи ги „непомирливите разлики“.
По поднесувањето барање за развод, двојката се бореше долга битка за старателство над децата. Во 2021 година, судијата им додели заедничко старателство над децата.
Поврзани објави
Анџелина Џоли и Бред Пит беа познати и под псевдонимот „Бранџелина“. Тие се запознале на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година.
Џоли претходно го обвини Пит дека не плаќа алиментација, што тој тоа го негираше.
Во претходно интервју за магазинот „Вог“, актерката изјави дека го напуштила Пит затоа што тоа е најдобро за семејството.
„Тоа беше вистинската одлука“, рекла таа.
Ова беше втор брак на Пит. Тој претходно беше во брак со ѕвездата на „Пријатели“, Џенифер Анистон. Пред Пит, Анџелина Џоли беше во брак со Били Боб Торнтон и Џони Ли Милер.
Фото: Инстаграм Принтскрин