Српската актерка Анѓелка Прпиќ веќе некое време престојува во Црна Гора, од каде што сега се огласи. Таа снимила смешно видео за тоа како повеќето жени се опуштаат на одморот и не водат сметка за исхраната.
Анѓелка прво изразила незадоволство од својата телесна тежина.
„Стомакот ми е толку голем, повеќе ништо не јадам. Риба, салата и тоа е тоа“, рекла актерката, а недолго потоа почнала да набројува што сè ѝ се јаде.
Поврзани објави
„О, каде е жената со пченката, сакате ли пченка, деца?“, рекла таа, а потоа продолжила:
„Ау, ми падна шеќерот, можеби треба да изедеме некој сладолед. Што, тоа е само мраз и овошје“.
Недолго потоа, ја привлекол мирисот на крофни.
„Го чувствуваш ли мирисот на крофната, дај земам за нас две, три, за подоцна, за децата.
– Секоја жена во лето – напишала таа во описот на видеото.
Фото: Инстаграм Принтскрин