Почетна ВестиАнтикорупционерите со порака до Груби: ДКСК има капацитет да се избори со вашите оркестрирани напади

Антикорупционерите со порака до Груби: ДКСК има капацитет да се избори со вашите оркестрирани напади

од nenad
1 минути читај за

„Во право сте г. Груби, Антикорупциска нема капацитет да се вози во службени возила 24/7 и за приватни цели, да злоупотребува државни простории, да користи репрезентација и службени платежни картички, ниту да се расфрла со буџетски пари, но бидете уверени дека има капацитет да ги исполни своите законски обврски и надлежности и да изработи бројни иницијативи и препораки кои се уште чекаат ред и време за да се постапи по нив“.

   

Ова е дел од пораката што антикорупционерите му ја упатија на првиот вицепремиер Артан Груби откако вчера на тв гостување рече дека Антикорупциската комисија нема ниту еден успех.„Преку своето работење, независност и непристрасност, Комисијата вложува сериозни напори да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата, а со своето залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото, направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи. Зачудува фактот што оваа оценка на ЕК како највисоко тело на ЕУ Вие не ја признавате и изнесувате неосновани обвинувања, а истовремено се залагате за брз влез во ЕУ“ велат од ДКСК.

Во соопштението до јавноста порачуваат дека „ДКСК е независна институција, со надлежност да постапува по предмети за избрани и именувани функционери. Квалификациите за капацитетите на Комисијата од страна на висок функционер од Владата на РСМ за кој има отворено предмет, не е ништо друго туку вршење притисок врз работата на Комисијата, и оркестриран обид за дефокусирање на јавноста“.„ДКСК има капацитет да се избори со вашите оркестрирани напади“ велат антикорупционерите.