Пејачката проговори за периодот кога јавноста немилосрдно ја осудуваше и за болката што и денес ја памети
Пејачката Андреана Чекиќ призна дека еден од најтешките периоди во нејзиниот живот бил по разводот, кога влезе во врска со оженетиот Марко Милошевиќ, поради што се најде на жесток удар од јавноста и медиумите.
Таа раскажа дека во тој период луѓето зборувале сè и сешто – и вистини и невистини, а секој нивен чекор бил под лупа. Дополнителен притисок создале и јавните обвинувања од негова страна, што ја направиле ситуацијата уште потешка за поднесување.
Поврзани објави
Не нè штедеа ни новинарите, ни околината. Имаше моменти кога навистина ми беше премногу тешко и затоа одбивав јавно да зборувам. Се чувствував како да сум на столбот на срамот“ – искрено призна Андреана.
Пејачката додаде дека денес на тој период гледа како на болно, но важно искуство кое ја зајакнало. Таа истакна дека научила да се носи со осуди и дека од тие настани излегла посилна и посвесна за себе и за своите граници.
printskrin youtube – blic tv – Andreana Čekić