Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски овие денови е во работна посета на Соединетите Американски Држави.
За време на својот престој тој оствари средба со високи претставници на УСАИД во Вашингтон, информираат од Министерството.
На средбата се дискутирало за регионалните и националните проекти на УСАИД во кои сме вклучени како држава и како Министерство, во фокусот на разговорите беа сајбер безбедноста, борбата против корупцијата и дигитализацијата на јавните услуги за граѓаните.
Посетата на Вашингтон продолжува со билатерални средби и мултилатерални настани. сст/ац/Фото: Министерство за дигитална трансформација .
Извор: МИА