Почетна ЕкономијаАнглискиот дистрибутерски гигант Dogwoof од Лондон ги откупи светските права за интернационална продажба на најновиот документарен филм на Тамара Котевска

Англискиот дистрибутерски гигант Dogwoof од Лондон ги откупи светските права за интернационална продажба на најновиот документарен филм на Тамара Котевска

од nenad
1 минути читај за

Англискиот дистрибутерски гигант Dogwoof од Лондон ги откупи светските права за интернационална продажба на „Сиљан“ [The Tale of Silyan] – најновиот документарен филм на Тамара Котевска. Dogwoof е компанија позната по современи документарци со Оскар и BAFTA номинации, а ова е нивна втора соработка со Котевска по успехот со „Медена земја“. Вклучувањето на Dogwoof е силен индикатор дека „Сиљан“ веќе се гледа како сигурен кандидат за престижната номинација за Оскар.

Филмот за една недела ќе ја има својата светска премиера во Венеција 2025 (во селекцијата (Out of Competition), а потоа и северноамериканска премиера во Торонто, каде е во официјалната натпреварувачка програма.

Американската UTA Independent Film Group ги обезбеди правата за Северна Америка, а на продукцискиот тим му се приклучи и Concordia Studios, чија продуцентка Casey Meurer вели: „Уште од првиот разговор со Тамара, Concordia беше all-in. Тамара е ексепционален талент – нејзината храброст, уникатна визија и безрезервна предаденост на создавање филмски дела блескаат од секој кадар на „Сиљан“. Пресреќни сме што Dogwoof ни се приклучи во тимот“.