Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, открива како ја нападнала соученичка која ја навредила мајка ѝ додека била во куќен притвор.
Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на познатата српска пејачка Цеца, откри емотивна приказна од своето детство. Во интервју, таа зборуваше за тежок период кога мајка ѝ била во куќен притвор со електронска нараквица.
Имав 12 години и се обидував да се однесувам нормално, иако медиумите беа полни со приказни за мајка ми. Се пишуваше дека ќе ни ја одземат куќата и дека ќе го изгуби старателството над нас“, се присетува Анастасија.
Таа откри дека во тој период се случил инцидент во училиштето.
Поврзани објави
Една соученичка кажа нешто навредливо за мајка ми и не можев да се воздржам – се степав со неа. Тоа беше прв и последен пат да се вмешам во физичка пресметка“, изјави Анастасија.
Овој настан оставил длабока трага во нејзиниот живот.
Кога некој ја напаѓа мајка ми, а таа ми е сè, не можам да останам рамнодушна“, додаде таа.
Instagram prntscreen-Anastasija Ražnatović