Почетна ТехнологијаАмерикански компании слободно ќе поткупуваат политичари во странство – МАКТЕЛ

Американски компании слободно ќе поткупуваат политичари во странство – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Претседателот Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба со која ќе го упати Министерството за правда да го суспендира спроведувањето на закон стар речиси 50 години, со кој им се забранува на американски компании да поткупуваат странски владини претставници, јави „Си-ен-би-си“.

Белата куќа ја потврди информацијата наведувајќи дека суспендирањето ќе биде воведено „за да се избегне ставање на американските компании во економска неповолна положба во однос на странските конкуренти“. Планираната извршна наредба е поврзана со Законот за странски коруптивни практики (FCPA).

„Пауза во спроведувањето за подобро да се разбере како да се поедностави FCPA и да се осигура дека е усогласена со економските интереси и националната безбедност“, изјави претставник на Белата куќа за американскиот медиум.