Почетна ЕкономијаАлта банка се огласи по одземањето на дозволата: Еве што најави за парите на клиентите

Алта банка се огласи по одземањето на дозволата: Еве што најави за парите на клиентите

од nenad
2 минути читај за

По одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа, Алта банка АД Белград се огласи со официјално соопштение во кое потврди дека е започната стечајна постапка. Банката им се заблагодари на клиентите, штедачите и деловните партнери за довербата и соработката во изминатите години.

Во соопштението се наведува дека постапката се спроведува согласно важечките законски прописи и одлуките на надлежните регулаторни институции во Србија.

„Сакаме да им изразиме искрена благодарност на сите наши клиенти, депоненти, деловни партнери и соработници за довербата, поддршката и успешната соработка во текот на годините на работење. Горди сме на резултатите што ги постигнавме заедно, на односите што ги изградивме со нашите клиенти и на придонесот што го дадовме за развојот на стопанството и финансискиот пазар“, соопшти банката.

Од Алта банка посочуваат дека надлежните институции и органите на стечајната постапка ги преземаат потребните активности за заштита на интересите на депонентите и доверителите. Дополнителните информации за текот на постапката, како и за начинот и роковите за остварување на правата на клиентите, ќе бидат објавувани преку официјалните комуникациски канали.

Исплатата на осигурените депозити започнува во понеделник

Во одговор на прашање на српската телевизија Н1, од Алта банка информирале дека исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник, согласно процедурите и инструкциите на надлежните институции.

Претходно, Народната банка на Србија соопшти дека ја одзела дозволата за работа на Алта банка поради значително влошување на нејзината финансиска состојба и ризик за интересите на депонентите.

Според регулаторот, на оваа одлука ѝ претходеле контролни активности насочени кон зголемување на ликвидноста на банката, но било утврдено дека постои можност финансиската состојба дополнително да се влоши.

Српската Агенција за осигурување депозити треба со судско решение да биде именувана за стечаен управник, а во рок од седум работни дена да им овозможи на клиентите исплата на осигурените депозити и располагање со средствата согласно Законот за осигурување депозити.

Оваа одлука е особено значајна и за Македонија, бидејќи Алта банка Белград минатата година ја презеде Стопанска банка Битола, која во декември 2025 година го промени името во АЛТА банка АД Битола.

Важно е да се напомене дека најавената исплата се однесува на осигурените депозити во Србија, а не претставува информација за статусот на депозитите во македонската АЛТА банка.