Почетна МакедонијаАЛКАЛОИД: Вкупно 230 нови вработувања во текот на изминатата година

АЛКАЛОИД: Вкупно 230 нови вработувања во текот на изминатата година

од nenad
1 минути читај за




Со успесите и со проширувањата на операциите кои ги бележиме на домашните, но и на интернационалните пазари се создаде потреба од дополнување на човечките капацитети, која резултираше со вкупно 230 нови вработувања во текот на изминатата година.

   

Дури 20 % од вработувањата беа реализирани преку Програмата за млади таленти, односно летно практикантство и парцијално дуално образование.
Покрај можностите за започнување на својата кариера во нашата компанија, создаваме можност сите вработени постојано да се надградуваат и да се усовршуваат во она што го работат, остварувајќи, во просек, 119 часа обука за секој вработен во „Алкалоид“ АД Скопје.
Разбирајќи ја клучната улога на вмрежувањето во професионалниот развој, како компанија активно учествувавме на три саеми за кариера, поттикнувајќи врски со новите таленти и прикажувајќи ги кариерните можности што ги нуди нашата организација.

Покажувајќи ја нашата непоколеблива посветеност на проширувањето на знаењето, 447 студенти беа дел од развојните активности организирани од компанијата, со цел подобра примена на нивното теоретско знаење во праксата.
Големо задоволство ни е да споделиме дека 676 деца на вработени се дел од проектот за Бенефиции за деца на вработени во учебна 2023/2024 година.
Овие вложувања во човечките ресурси ги продолжуваме и ги продлабочуваме и во 2024 година, секогаш имајќи ја предвид точката од која поаѓаме и на која секогаш ѝ се враќаме, а тоа е Здравјето и луѓето пред сè!
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #ЛуѓетоПредСе