Бразилската манекенка Алесандра Амброзио неодамна присуствуваше на свечената прослава на модната куќа „Calzedonia“ во Милано.
Убавата Бразилка за оваа прилика облекла интересна креација која мамела погледи, но и воздишки кај многубројните посетители на овој настан.
Како што се гледа на фотографиите од таа вечер, Алесандра носела долг црн фустан која ги истакнала нејзините гради, а интересен бил и црвниот детаљ на фустанот.
Поврзани објави
Целокупното издание го искомбинирала со црвени салонки, а кога станува збор за шминката, светски познатата манекенка се одлучила за црвен кармин и темни нијанси на сенка.