Објавата беше проследена со духовната песна „Говори, Господе“, што дополнително ја нагласи свечената и емотивна атмосфера во домот.
Поврзани објави
Славата Три Свети Јерарси се одбележува на 12 февруари, а како што во една прилика истакна Сузана Јовановиќ, токму Божиќ и оваа крсна слава се единствените празници што семејството традиционално ги слави.
„Моите не беа имотни, бевме работничко семејство. Тато работеше во железара како електричар на висок напон, а мама беше домаќинка. Ние бевме нејзината кариера. Ќе собереа неколку банкноти, ќе ми ги дадеа тој ден, а јас ќе отидев во продавница и ќе си купев најубаво чоколадо“, раскажала Сузана во една пригода.
Иако оваа година славата минува со тага поради загубата, традицијата продолжува – во чест на семејството, верата и споменот на Саша Поповиќ.