Почетна МакедонијаАлегри беснеел и се заканувал на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

Алегри беснеел и се заканувал на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

од nenad
1 минути читај за




Јувентус вчера ја победи Аталанта и така го освои Купот на Италија. „Старата дама“ славеше победа од 1:0 со голот на Душан Влаховиќ уште на стартот од средбата, а во финишот во центарот на вниманието се најде тренерот Масимилијано Алегри. Наводно, Алегри по завршувањето на натпреварот му се заканил на директорот на „Тутоспорт“, Гуидо Вачаго. Информацијата ја пренесе и познатиот новинар, Фабрицио Романо.

„Ти си го*но! Напиши ја вистината во твојот весник, а не тоа што клубот го бара од тебе. Ќе те најдам, знам каде да те чекам, ќе дојдам и ќе те претепам. Напиши ја вистината“, наводно биле зборовите на тренерот на Јувентус.

Доколку информациите се потврдат, не е исклучено Алегри кој заработи исклучување да биде и дополнително казнет.