Почетна ЕкономијаАлбанија: Запленет имот од 26,5 милиони евра и 6,2 милиони во готовина во август

Албанија: Запленет имот од 26,5 милиони евра и 6,2 милиони во готовина во август

од nenad
1 минути читај за

Само во текот на август, во Албанија е конфискуван имот во вредност од 26,5 милиони евра, добиен преку нелегални дејствија, како што е наведено во месечниот преглед на државната полиција.

Паралелно со тоа, запленети се и 6,2 милиони евра во кеш, од банкарски сметки на лица под истрага, како и недекларирани финансиски средства, најчесто при влез во државата.

„Во август беа изведени 90 полициски акции во кои беа приведени 664 лица, од кои 61 лице се барани со потерница. При претреси беа пронајдени и одземени 35 парчиња огнено оружје.”

Според полицискиот билтен, имало и инциденти со полициските службеници. “Во една од акциите за разрешување на кражби, осомничениот отворил оган кон полицијата,” стои во извештајот.

Како дел од операцијата за спречување на производство на марихуана, откриени и уништени се 23,200 садници од ова растение.

„Случаите на пожари кои зафатија над 50,000 хектари не останаа незабележани од полицијата. При тоа, 76 лица се уапсени и обвинети за умислено или невнимателно предизвикување пожар”, се вели во полицискиот документ.

Во делот на сообраќајот, издадени се 112 илјади казни, главно за управување возило под дејство на алкохол и дрога, непочитување на приоритет и ограничувањата на брзината.