Албанија е домаќин на важен настан, Bread & Heart Festival, на кој учествуваат над 150 меѓународно познати архитекти од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка.
Овој фестивал, оценет како нов европски настан, ги собира архитектите кои потекнуваат од различни области на живеењето, со цел да разменат искуства и да дискутираат за предизвиците на урбаниот и општествениот прогрес денес. Се очекува настанот да придонесе за креирање на политики и мерки кои ќе бидат во функција на големата преобразба на нашата држава, како и на Европа и Балканот.
Во своето обраќање на настанот, премиерот Еди Рама истакна дека фестивалот ја позиционира Албанија на уште една реномирана карта на Европа, создавајќи претпоставки дека за неколку години од сега, Bread & Heart Festival ќе прерасне во угледен глобален настан, со архитектурата во фокусот, но со поширок опсег на дисциплини вклучени во дебатата.
Рама изјави: “Сите знаеме дека Албанија не е земја што ги привлекува “највизионерските архитекти во светот со пари или сјај, туку ги привлекува со нешто што е многу потешко да се дефинира, а невозможно да се фалсификува”. Тој додаде: “Ги привлекуваме со заедничката верба во реалноста на сонот и вербата дека тој може да се носи не само тука, туку особено тука. Нешто полно со живот, неповторливо, нешто што сепак е неверојатно слободно. Ослободено од удобноста на регулативите што не задушуваат”.
Додека фестивалот започна во Тирана на денот на празникот Курбан Бајрам, премиерот потенцираше дека “овој фестивал на свој начин е Бајрам на душата спојување на нов почеток со свет ден”. Тој исто така рече: “Морам да кажам дека поминав долг пат во секоја смисла и за подобро или полошо и не верувам во случајности. Ве поканувам секој од вас да ја почувствува врската помеѓу овој ден и оваа нова авантура за да ја сфатите оваа конвергенција не како случајност, туку како благослов”.
За време на дводневниот настан, ќе има и неколку изложби кои ќе го презентираат развојот на Албанија, преку архитектонски модели, изградени и нереализирани, од конкурси и нарачки во Тирана, крајбрежјето и други региони. Во моментот, повеќе од 100 меѓународни архитектонски тимови се вклучени во проекти низ цела Албанија, преку конкурси и директни нарачки. Сè повеќе архитекти покажуваат интерес да работат тука, честопати во соработка со локални тимови.
вт/Фото: Рама ФБ.
Извор: МИА