„Сите перверзии можат, но да бидат слатки и во границите на нормалата.“
Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша повторно го привлече вниманието со својата отвореност, овојпат зборувајќи во подкаст за сексуалните афинитети и фантазии.
Без влакна на јазикот, Карлеуша посочи дека ѝ е прифатливо да експериментира, но само доколку сѐ остане во границите на умереното.
Според неа, не ја привлекуваат екстремите туку мала доза на провокација и игра во која двата партнери знаат каде се границите.
Сѐ може, но да биде умерено, никако екстремно“, порача Карлеуша, нагласувајќи дека и кога станува збор за поинакви интимни теми, најважно е да не се претерува.
Поврзани објави
Со овој препознатлив и отворен пристап, таа уште еднаш покажа дека не се срами да дискутира теми што многумина ги избегнуваат, па сигурно ќе предизвика реакции кај публиката.
Видео: Инстаграм