Тешко е да се одржи врската хармонична, бидејќи луѓето се комплицирани…
Експертка за врски открила дека постојат јасни црвени знаменца што луѓето не би требало да ги игнорираат без разлика на привлечноста и хемијата.
Таа вели дека дури и да ја пронајдете вистинската личност за вас, едноставно, можеби нема да биде вистинското време за ниту еден од вас двајцата да започнете врска, па така, работите нема да функционираат како што треба. А ако имате доволно среќа да пронајдете некој што сметате дека би ви одговарал како шартнер, тој никогаш нема да биде совршен и тоа е сосема во ред, па сосема нормално е да ги игнорирате некои од неговите мани.
Но експертката за врски предупредува дека постојат некои работи што не би требало да ги игнорирате и дека овие „црвени знаменца“ може да укажуваат на тоа дека всушност не сте компатибилни еден со друг, и покрај тоа како стојат работите моментално.
„Првичната привлечност лесно може да ги скрие разликите во начинот на кој луѓето им пристапуваат на финансиите, семејството или политичките ставови, но овие различни ставови имаат тенденција да се појават со текот на времето.
Еден од најјасните знаци на предупредување е фундаменталната неусогласеност во вредностите. Ако повеќепати наидете на несогласувања околу тоа што ви е најважно или правите компромиси на начини што ви предизвикуваат непријатност, тоа може да биде знак дека недостасува долгорочна, автентична компатибилност, иако имате доволно хемија.“
Експертката за врски исто така напоменала дека нормално е двојките повремено да се расправаат и да не се согласуваат, но начинот на кој ги решаваат овие ситуации може да биде пресуден за тоа дали врската ќе трае.
Поврзани објави
„Уште еден знак на предупредување е ако едниот партнер постојано одбегнува подлабоки разговори, ги отфрла чувствата на другиот или се бори да покаже емпатија во тешки периоди. Тогаш, врската може да се чини еднострана и неурамнотежена.“
Таа нагласила дека општата компатибилност не се сведува на тоа никогаш да не се расправте, туку да се чувствувате емоционално разбрано и поддржано.
Што се однесува до знаците на предупредување, експертката го додала и начинот на кој се решаваат проблемите.
„На крајот, обрнете внимание на тоа како ги решавате несогласувањата. Ако караниците често завршуваат со повлекување, заземање одбранбен став или нерешена тензија, тоа може да укажува на некомпатибилни стилови на комуникација.
Доколку притоа вашиот партнер одбегнува подлабоки или отворени разговори, тоа може да покажува дека можеби не е вистинскиот за вас на подолги патеки. Здравите односи изискуваат заедничка подготвеност да слушате, да се приспособувате и да растете заедно.“
Фото: Pexels