Македонската компанија за дојдовен туризам Балкан Прајм Турс учествуваше на меѓународниот туристички саем ITB Asia во Сингапур, каде што оствари нови деловни контакти и размени искуства за можностите за туристичка соработка со азиските пазари. Од компанијата го истакнуваат значењето на македонското присуство на саемот како важен чекор кон отворање нови соработки, нови пазари и пред се како еден квалитетен пристап во промоцијата на туристичките потенцијали на земјата.
Учеството на ITB Asia овозможи средби со потенцијални партнери, размена на идеи и за согледување на различните навики и очекувања на туристите од Азија. Според Балкан Прајм Турс, овој голем и разновиден пазар отвора можности за развој на нови туристички сегменти, но бара и континуирано учење и приспособување при креирањето на туристичката понуда.
Од компанијата го оценуваат учеството на Македонија на ITB Asia како иновативен чекор во туристичката промоција на земјата. Неговото значење, посочуваат, не е само во присуството на меѓународен саем, туку и во отворањето кон пазари и можности што досега биле помалку застапени во промотивните активности.
“Сакам искрено да им честитам на сите членови на тимот задолжен за туристичка промоција во Министерството за култура и туризам и да им се заблагодарам за визијата, иницијативата и храброста да направат чекор надвор од традиционалните пазари. Ваквиот пристап заслужува признание и поддршка” изјави Влатко Сулев, Ренерален Менаџер на Балкан Прајм Турс.
Македонскиот штанд беше поставен веднаш спроти главната сцена, каде што голем дел од панел-дискусиите беа посветени на вештачката интелигенција, технологијата и оптимизацијата на процесите во туризмот. Ми беше особено драго што, слушајќи ги тие дискусии, уште еднаш се уверив дека и ние со TourCraft, нашиот ERP-систем со вештачка интелигенција, се движиме во вистинската насока, додаде г. Сулев.
Балкан Прајм Турс подолго време се залага за дигитализацијата на туризмот во земјава, а преку иновативната платформа TourCraft, ERP-системот за вештачка интелигенција, оваа компанија ги следи светските трендови, и го движи напред туризмот во земјава.
Македонија има многу што да му понуди на светот, порачуваат од Балкан Прајм Турс. За компанијата, учеството на ITB Asia е дополнителен поттик за континуирано учење, развој и изнаоѓање нови начини за претставување на туристичкиот потенцијал на земјата.