Денес, со почеток од 13.00 часот на иницијатива на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во просториите на Комората, пред компаниите членки, ќе бидат презентрани достапните дигитални услуги, решенија и можности што им стојат на располагање на компаниите, од страна на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
На средбата, претставниците на бизнис секторот ќе имаат можност да добијат информации за практичните придобивки од користењето на новите дигитални услуги и нивното влијание врз поедноставување на административните постапки и унапредување на ефикасноста во работењето.
На заедничка маса, со активно учество на претставници од органите и телата, низ дискусија и размена на информации и искуства, Комората има за цел активно да продолжи да придонесува во градењето на технолошко напредно општество и заеднички да се создаваат подобри можности за дигиталната трансформација неопходно потребна на бизнис секторот и за целокупната наша економија.
Медиумите имаат можност да го проследат настанот во Стопанската комора, сала 4 на 5ти кат со почеток во 13:00 часот во присуство на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.