Почетна ЕкономијаАеродромот во Тирана со нов рекорд: Над 7,8 милиони патници за шест месеци

Аеродромот во Тирана со нов рекорд: Над 7,8 милиони патници за шест месеци

од nenad
1 минути читај за

Аеродромот “Мајка Тереза” во Тирана повторно забележа исклучителни резултати во однос на бројот на патници и авионски операции.

Заменик претседателката на владата и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, соопшти дека бројот на лица кои патувале преку аеродромот во периодот од јануари до август се покачил за 9%, достигнувајќи импресивна бројка од 7.833.109.

Во текот на истиот период, беа реализирани 42.462 полетувања и слетувања, што претставува пораст од 2% во споредба со ланската година.

„Од Тирана летови беа реализирани до 137 дестинации а 11 август е денот со најголем проток, од 53,076 патници”, истакна Балуку.

Аеродромот во Тирана се етаблираше како регионален пример за брз развој и подобрување на услугите, благодарение на вложувањата во пистите, помошните објекти и зголемувањето на оперативните способности.

Покрај албанските државјани, најголеми корисници на аеродромските услуги се граѓаните на Македонија, Косово и Црна Гора.