Ова е првиот голем американски универзитет што отворено се спротивставува на притисокот од администрацијата на Трамп да ги промени своите политики. Администрацијата на Трамп соопшти дека замрзнува повеќе од 2 милијарди долари федерални средства за Универзитетот Харвард, само неколку часа откако елитниот колеџ ги одби барањата од Белата куќа, пренесува Би-Би-Си. Минатата недела Белата куќа испрати список со барања до Харвард, за кои рече дека се со цел борба против антисемитизмот на кампусот. Барањата вклучуваа промени во управувањето, практиките за вработување и процедурите за прием. Од Харвард ги одбија барањата и соопштија дека Белата куќа се обидува да ја „контролира“ нивната заедница.