Адвокатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Џон Лауро денеска го отфрли предложениот налог со цел да се заштитат сведоците и доказите во случајот против Трамп, со цел да се спречи неговиот обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.
Во серија телевизиски интервјуа, Лауро ги бранеше постапките на Трамп кои доведоа до обвинувања дека тој заговарал измама на институциите на Соединетите држави со тоа што го спречува Конгресот да ја потврди победата на демократскиот претседател Џозеф Бајден, со што гласачите го лишуваат правото на фер избори, објави Ројтерс.
Лауро во изјава за Фокс Њуз Сандеј рече дека Министерството за правда во петокот побарало заштитна наредба за која рече дека може да ги спречи медиумите да добијат информации кои би можеле да бидат релевантни за случајот против Трамп.
Окружниот судија на САД Тања Чуткан во саботата го отфрли обидот на Трамп да го одложи неговиот официјален одговор на предложената заштитна наредба.
Специјалниот тужител Џек Смит побара забрана за Трамп и неговите адвокати да откриваат доверливи информации во случајот на неовластени лица, откако поранешниот претседател на својата веб-страница Truth Social, напиша:
„Ако ме следиш, јас те следам тебе“, објави Трамп само еден ден откако се изјасни за невин по обвиненијата дека организирал заговор во обидда ја врати победата откако загуби од Бајден на изборите во 2020 година.
Овие објави на Трамп ги загрижија обвинителите дека тој преку нив може јавно да открие доверливи материјали добиени од обвинителството .
Обвинителите се должни на обвинетите да им обезбедат докази против нив за да тие можат да ја подготват својата одбрана.
Сепак, овие објави на Трамп можат негативно да влијаат на сведоците и на спроведувањето на правдата во овој случај, рекоа обвинителите, истакнувајќи дека Трамп во минатото веќе има извршено вербални напади врз судии, адвокати и сведоци кои се вклучени во другите судски процеси против него.
На судењето во четвртокот, Трамп вети дека нема да ги заплашува сведоците и нема да комуницира со нив без присуство на нивен адвокат.
