83
Штипска пастрмајлија штотуку доби вистинска конкуренција во Свети Николе. Каде да одиме следно на вкусна пастрмајлија, стои во објава на американската амбасада во Скопје. На фотографијата е американската амбасадорка Анџела Агелер. Таа денеска поради работни обврски беше во посета на градот Свети Николе, а пак по нивното завршување реши да руча во познат ресторан. Досега повеќе странски амбасадори ја пофалија македонската кујна.