Почетна ПопуларноАвстрија апелира: Ракетни напади врз Европа не може да се исклучат, мора да бидеме подготвени

Австрија апелира: Ракетни напади врз Европа не може да се исклучат, мора да бидеме подготвени

од nenad
1 минути читај за

Министерката за одбрана на Австрија, Клаудија Танер денеска апелираше за што поскоро формирање на „Европскиот небесен штит“, за да се спречат можните закани од воздух бидејќи не се исклучуваат можни ракетни напади.

Како што наведе таа, повикувајќи се на извештајот на Министерството за одбрана на Австрија за потенцијалните ризици за таа земја, во околината на Австрија и Европа биле инсталирани голем број ракети и крстаречки ракети од различен дострел, пренесува Index.hr.

Во интервјуто што го даде за австриската новинска агенција ORF, Танер рече дека водење на европскиот небесен штит не значи дека Австрија ќе престане активно да го надгледува нејзиниот воздушен простор, но додаде дека тоа е важен чекор на кој земјата е подготвена.

Во рамки на иницијативата „Европски небесен штит“ која на крајот на септември минатата година на иницијатива на Германија ја потпишаа 15 земји, меѓу кои Унгарија, Романија и Бугарија, се планира заедничко купување на најсовремени системи за противвоздушна одбрана.

Иницијативата има за цел да ги отстрани недостатоците на сегашниот „штит на НАТО за Европа“, кога станува збор за балистички ракети кои достигнуваат голема височина, но и за одбрана од беспилотни летала и крстаречки ракети.

Инспирирано од: infomax.mk

Leave a Comment