Почетна Македонија POWERED BY LIONS“: PEUGEOT И BORN FREE TEAM ПРЕКУ ДИГИТАЛНА КАМПАЊА ЈА ПОДИГНУВААТ СВЕСТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛАВОВИТЕ

POWERED BY LIONS“: PEUGEOT И BORN FREE TEAM ПРЕКУ ДИГИТАЛНА КАМПАЊА ЈА ПОДИГНУВААТ СВЕСТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛАВОВИТЕ

од nenad
3 минути читај за


PEUGEOT, во партнерство со добротворната организација Born Free со седиште во Велика Британија, ја лансираше „Powered by Lions“, новата дигитална кампања, на Саемот за автомобили во Париз во 2024 година. „Powered by Lions“ е креирана за да го потсети светот дека популацијата на лавови е во опасност, па затоа треба да дејствуваме веднаш за да ја зачуваме.

Сите средства собрани за време на оваа кампања ќе бидат донирани “Born Free”. Дополнително, PEUGEOT инвестира во солидарна рекламна кампања за поддршка на Born Free, при што 60% од својот буџет е дониран во добротворната организација. Како официјален образовен партнер на Born Free, PEUGEOT ја поддржува работата на организацијата за заштита на дивите животни и места.

Born Free овозможува ангажирање, едукација и зајакнување на локалните заедници со цел да коегзистираат со дивите животни во Кенија и други земји ширум светот. Од 2023 година, PEUGEOT го поддржува Born Free во изградбата на огради од пчеларници и боми отпорни на предатори во нивната зачувана област Меру во Кенија и организирање работилници за правилно „дресирање и однесување со слоновите“ во локалните заедници.

PEUGEOT, исто така, ќе обезбеди Landtrek пикап возила кои ќе ги користат на терен секојдневно. ЧЕТИРИ ПОЛНАЧИ ВО ОБЛИК НА ЛАВ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА Целта на PEUGEOT со кампањата „Powered by Lions“ беше да го привлече вниманието на јавноста и да ги охрабри луѓето да донираат за Born Free.

Како бренд што работи на лавовски погон, PEUGEOT го реализираше ова со напојување на улиците на Париз со полначи за електрични возила, во облик на лав. Минувачите имаа можност да добијат информации за четирите поединечни лавови спасени од Born Free – Кинг, Теа, Даду и Саидапретставени од секој полнач и да скенираат QR-код за донирање. Овие донации одат за обезбедување квалитетна храна и стручна грижа за овие лавови во центарот за заштита на Born Free Shamwari во Јужна Африка.

Активирањето на полначот лав е поддржано со социјална и дигитална кампања на PEUGEOT од 360° во сите земји и на веб-страницата на Peugeot. Скулптурата на EV лав може да се види од 14-ти до 20-ти октомври, на саемот за автомобили во Париз, на штандот на PEUGEOT.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING