Почетна Убавина и здравје Plein Fatale Rosé – Убавина и здравје

Plein Fatale Rosé – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Цветен дрвенест мирис што маѓепсува

По храбрата и мистериозна сензуалност на Plein Fatale, Филип Плејн уште еднаш му оддава почит на женскиот универзум претставувајќи новиот Plein Fatale Rosé.

Во иконичното шише инспирирано од силуетата на шишето шампањ, овој мирис го доловува значењето на убавината и суштината на женственоста. Со својот наратив, Plein Fatale Rosé ѝ дава нова нијанса на уметноста на заведување и нуди портрет на повеќеслојна жена: колку што е спонтана и сонлива, толку е магнетна и волшебна. Неочекуваниот наплив на сензуалност го привлекува вниманието со невидена сензорна експлозија, преплавена во облак од романса.

Цветен дрвенест мирис што маѓепсува

Поврзани објави

Композицијата се отвора со свежината на личи, придружена со слаткоста на црниот лист, засилена со сочната експресивност на бразилскиот портокал, нудејќи мирисна слика на жива и блескава личност.

Чувството на привлечност обзема со мирисот на пупки од рози и префинетиот мирис на јасмин самбак, со неговите зелени и овошни ноти.

Топлите и суви вибрации на кедровото дрво, како и на кремастото и сензуално сандалово дрво, ја нагласуваат заводливата магија на овој мирис, кој е уште понезаборавен со суптилните минерални ноти на килибарот.

Текст и фото: ПР

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING