Почетна Убавина и здравје Outdoor Festival во Скопје Сити Мол – викенд исполнет со попусти и активности

Outdoor Festival во Скопје Сити Мол – викенд исполнет со попусти и активности

од nenad
2 минути читај за

Outdoor Festival во Скопје Сити Мол – викенд исполнет со попусти и активности

Објавено на 06/11/2024

Скопје Сити Мол ве поканува на Outdoor Festival од 13 јуни до 16 јуни каде посетителите ќе имаат можност да се едуцираат за разни outdoor активности и да ги искористат попустите за outdoor опрема и облека. Во рамки на првите три дена ќе се одржат панел дискусии во Cineplexx за outdoor спортовите, за физичкото здравје и ќе се споделуваат лични искуства и совети од наши истакнати спортисти.

Во недела на 16 јуни за најмалите ќе има извиднички активности од 18 часот со извидничкиот одред „Методи Митевски-Брицо“, а потоа и детска атлетика од 19 часот. Извидништвото е авантуристичко патување каде малите љубопитни умови развиваат вештини за преживување и создаваат доживотни пријателства кампувајќи и учејќи за светот околу нас. Извидништвото е место каде врзувањето јазли станува врата кон издржливост, а секоја прошетка низ густите шуми е лекција за лидерство и тимска работа. Дел од забавните активности кои ги спроведуваат извидниците, како стреличарство, врзување на јазли, скриени пораки и иновативни игри ќе може да ги искусат во Скопје Сити Мол. Вашиот омилен Марко Новевски ќе биде со нас за да ве води низ програмата.

Дојдете во Скопје Сити Мол за сѐ што сакате од outdoor активности!

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING