Почетна Економија OЈО постапува по известување од МЗ за неработењето на хируршките сали во Клинички

OЈО постапува по известување од МЗ за неработењето на хируршките сали во Клинички

од nenad
1 минути читај за

– Министерството за здравство прати известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител.

Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело, информираат за МИА од ОЈО Скопје.

Од ОЈО посочуваат дека Обвинителството постапува и гони само доколку има кривично дело.

За состојбите на клинички центар вчера на прес-конференција реагираше портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој рече дека цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид, како и дека во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик.

аа/бт/Фото: МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING