Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи.
„Мартимекс“ ќе израдува една читателка на „Убавина и здравје“ со парфем Emanuel Ungaro Cosmic EDP 90 ml.
Мирисот е софистициран и смел, комбинирајќи ја класичната женственост со футуристичка модерност, зрачи со доверба и допир на мистерија.
Emanuel Ungaro Cosmic се отвора со сочни ноти на манго, портокал, лимон и црна рибизла, создавајќи блескав прв впечаток. Срцевите ноти ја комбинираат цветната елеганција на див ирис, хелиотроп, темјанушка и цвет на портокал со овошната сладост на цветот на крушата и праската Белини. На крај, нотите на мошус, сандалово дрво, пачули, грав тонка и ванила ја нагласуваат природната софистицираност која е и примамлива и суптилно провокативна.
Поврзани објави
Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.
Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври.
Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта. Исто така, важно е да напоменеме дека учесниците во лавината од подароци мора да бидат полнолетни лица!
Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!
Текст и фото: ПР