Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ обожава мода, а во свечените пригоди секогаш е беспрекорно дотерана. Славната тенисерка сака да избира елегантни и модерни парчиња, кои никогаш не се претерани или пренагласени, но, сепак, оставаат силен впечаток.
Така било и синоќа на прославата на 45-годишнината на германското издание на магазинот „Вог“ во Берлин – Ана Ивановиќ блеснала како никогаш досега!
Убавата Србинка на овој гала настан пристигнала во издание што го одзема здивот и кое ја истакнало нејзината витка, манекенска фигура.
Поврзани објави
Ана избрала креација на луксузниот бренд Magda Butrym, а станува збор за тесна, долга тоалета од сребрени штрасови, која е украсена со голема, тродимензионална роза веднаш под вратот, што ја прави уште поефектна и ѝ дава романтичен печат.
Фустанот има и делумно отворен грб, со вкрстени прерамки, а мораме да признаеме дека на познатата бринета одамна не сме виделе вака добро парче!
Ана сè заокружила со прекрасни детали – скап рачен часовник и дијамантски обетки, како и шик чанта „клач“ во розова боја која била совршен контраст на фустанот и женствените, гламурозни чевли. Ова е многу популарен модел на свечени чевли, а вклучува модели со украсна цирконска тока. Ана избрала бели сатенски чевли од овој модел и навистина одлично се вклопиле со целата комбинација.
На прославата очекувано, била и Ана Винтур, главната уредничка на магазинот „Вог“, па двете Ани се фотографирале заедно и кратко разговарале. Винтур изгледала многу префинето и во склад со својот препознатлив стил – носела убав, елегантен фустан од смарагдно зелена свила со „паф“ ракави.
Фото: Инстаграм Принтскрин @https://www.instagram.com/p/DAO47Z6oztr/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading