Почетна Технологија 66-ГОДИШНИК ТРГНАЛ НА ПРОШЕТКА И СЕ ИЗГУБИЛ НА ПЛАЧКОВИЦА, БИЛ СПАСЕН ПО НЕКОЛКУЧАСОВНА ПОТРАГА

66-ГОДИШНИК ТРГНАЛ НА ПРОШЕТКА И СЕ ИЗГУБИЛ НА ПЛАЧКОВИЦА, БИЛ СПАСЕН ПО НЕКОЛКУЧАСОВНА ПОТРАГА

од nenad
2 минути читај за




Шеесет и шестгодишен маж вчера се изгубил на планината Плачковица, но бил спасен по неколкучасовна потрага. Вчера во 18 часот, на единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи беше пријавено дека е исчезнато лице на 66-годишна возраст. Тој заедно со негов пријател дента тргнале по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на Плачковица. Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани.

„Во потрагата прво се вклучиле членови на неговото потесно семејство. За итниот случај биле известени Дирекцијата за заштита и спасување од Кочани и Горската служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа. Околу 22:50 часот изгубениот маж е пронајден жив и во добра состојба од страна на членови на Доброволната планинска спасувачка служба ‘Осогово‘ од Кочани“, велат од ЦУК. Поради подолгиот престој на студено време во планината, 66-годишникот прво бил згрижен и затоплен, а потоа и безбедно спуштен до селото Зрновци, каде што имало возила на полиција и Брза помош.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING