Почетна Убавина и здравје 5 знаци дека сте поинтелигентни отколку што мислите – Убавина и здравје

5 знаци дека сте поинтелигентни отколку што мислите – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Неколку знаци поддржани од науката дека не си давате доволно кредит за коефициентот на вашата интелигенција.

Често среќаваме личности со исклучителна самодоверба. Но уште почести се оние кои всушност не се свесни за тоа колку се паметни. Дали сте вие меѓу нив?

Колку од овие карактеристики поседувате?

1. Креативни сте

Креативноста е дефинитивен знак за интелигенција бидејќи бара флексибилно размислување и способност да ги префрлите и промените вашите шеми на размислување од еден на друг начин.

2. Неуредни сте

Една студија опфатила две групи од кои било побарано да осмислат креативна употреба на топчиња за пинг-понг. Едната група работела во неуредна средина, додека другата работела во уреден амбиент. Неуредната група смислила значително покреативни и интересни идеи.

Затоа, пред да се прекорувате за вашето постојано преполно биро, дајте си неколку IQ поени.

3. Зборувате сами со себе


Поврзани објави

Тоа не е знак дека сте луди – токму спротивното. При едно истражување се покажало дека гласното зборување со себе ја подобрува самоконтролата, важна форма на интелигенција. На учесниците во студијата им било дадено збир на задачи и придружни писмени упатства, барајќи од нив да ги читаат упатствата тивко или гласно. Измерената концентрација и перформансите од оние кои читаат гласно биле далеку подобри.

4. Не сте убедени дека сте паметни

Луѓето кои се помалку компетентни или паметни постојано ги преценуваат своите ментални способности, додека интелигентните луѓе се многу посвесни за нивните ограничувања.

Како што рекол Шекспир: „Глупавиот мисли дека е мудар, но мудриот знае дека е будала“

5. Љубопитни сте

Ако сакате да учите, толку повеќе ќе научите и попаметни ќе станете. Науката го поткрепува ова.

Но не е само учењето тоа што ве прави попаметни, туку и желбата да научите повеќе, што е вообичаена карактеристика кај интелигентните луѓе. Уште една студија покажала корелација помеѓу луѓето кои имале високи резултати на тестовите за интелигенција како дете и возрасните кои биле пољубопитни и отворени за нови идеи.

Фото: Freepik.com

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING