Почетна Убавина и здравје 400.000 евра за Северина – Убавина и здравје

400.000 евра за Северина – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ ќе пее во Сараево на новогодишната ноќ 2025 година, а за нејзиниот настап ќе бидат издвоени 400.000 евра.

Таа ќе настапи во Сараево, пред Вечниот пламен, а во овој град се водеше голема полемика за вмешаноста на хрватската пејачка.

Имено, граѓаните на Сараево сметаат дека од буџетот ќе се издвојат премногу пари за хонорарот на Северина, со оглед на тоа што цената на нејзиниот настап во „најлудата ноќ“ изнесува дури 800.000 конвертибилни марки или околу 400.000 евра.

Поточно, според регионалните медиуми градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, се обврзала дека Градот Сараево од буџетот ќе издвои близу 680.000 марки, кои со ДДВ изнесуваат околу 400.000 евра, поради што настана револт кај граѓаните.

Протестираат поради цифрата доделена за хонорарот на пејачката.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING